Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, в сабота на 14 декември, со почеток од 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Професионалец“.
Претставата е работена по текст на познатиот драматург Душан Ковачевиќ, а е во адаптација и режија на Ненад Витанов од Велес. Во претставата играат Александар Малинков, Диме Коцевски и Диме Боцев. Првата реприза на репертоарот е веќе наредната недела.
Театарот при Домот на културата од Кавадарци годината ќе ја заврши со уште една премиера, традиционално новогодишна претстава за најмладата публика „Кој е вистинскиот Дедо мраз“. Автор на текстот е на Микица Илова, која е и режисер на претставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.