Претставата „Не сега драга“, според текст на Реј Куни, а во режија на Диме Боцев, премиерно ќе се одигра денеска, на 7 декември,  од 20 часот, во театарот при домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.

Во претставата играат Диме Коцевски, Магдалена Атанасова, Видан Станоев, Надица Анѓелкова, Александар Малинков, Александар Видиков, Сијче Трајкова, Диме Боцев и Сашко Орешков.
Музиката/светлото се на Пепи Ангелов, костимографка е Сара Милевска, суфлери се Благица Илиева и Кристина Јованова, а сценска поддршка се Диме Темков и тим на Дом на културата во Кавадарци.

Претставата „Не сега драга“ е комедија на забуни, ситуации и интересни ликови и е наменета за публика над 16 години.

Поради ограничен број седишта поради протоколите за пандемијата, за премиерата нема да има влезници во продажба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.