Денеска и утре, 28 и 29 октомври, во Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи премиера и прва реприза на претставата „Орестија 1/4“, во режија на Ивица Димитријевиќ.
Претставата е дел од The Chorus Project – проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), во копродукција на МКЦ – Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.
Билетите за двете изведби се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.
Во претставата играат: Орест – Стефан Вујисиќ, Електра – Наталија Теодосиева, Хороводецот – Жарко Јовановиќ, Клитајмнестра – Драгана Лошкова и Ајгист – Димитрија Доксевски.
Дали демократијата е возможна во ситем без одговорност? Демократијата не е возможна во еден систем каде што нема базични постулати на владеење на правото при што моќта на владејачката класа е неограничена. Народот мора да се бори да се воспостават тие постулати, или да им се придружи. Дотогаш, до моментот кога што ќе нема да сносиме одговорност, нема да имаме демократија.
Исто така, не можеме да зборуваме за демократија во 21 век во Европа, кога цели територии коишто географски и припаѓаат нејзе не се дел од Унијата, како и заради фактот дека во самата Унија неолибералната логика на владеење незапирливо ги продлабочува социјалните разлики.
На крај, не е ни важно дали Орест ќе ја заколе Клитајмнестра, зашто каков и да е исходот ќе се измисли нов закон со кој владејачката класа ќе ги заштити своите интереси, исто како што се случува тоа подоцна и во Орестија, вели режисерот Димитријевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.