Во Театарот за деца и младинци вечер, со почеток во 20 часот, ќе се одржи премиерната изведба на младинската претстава „Подрум“, по текст и во режија на Драган Довлев.
Улогите во претставата ги толкуваат: Никола Наковски, Матеа Јанковска, Петар Стојанов, Изабела Новотни и Бојан Кирковски.
Идејата за оваа претстава е стара повеќе од 20 години и датира од времето на моето запознавање со т.н. куклен театар за возрасни. Уште тогаш знаев дека еден ден ќе поставам претстава чие дејствие ќе се одвива во театарски подрум, каде што се носат куклите од претставите што повеќе не се на репертоар. Колку и да ме фасцинираше идејата куклите да оживеат и да почнат да го коментираат она што се случува над нив, на сцената, требаше да помине подолг период идејата да созрее, вели Довлев.
Покрај режијата и текстот, и изборот на музика е на Драган Довлев. Сценографијата е на Бранкица Јордановска и Кирил Василев, дизајнот и изработката на кукли е на Кирил Василев, костимографијата е на Љубица Велкова. Изработка на реквизита е на Бранкица Јордановска, дизајн на звук е на Ален Хаџи-Стефанов и плакат, видео-бим и фотографии се на Филип Кондовски.
Ова е втората самофинансирачка претстава на Театарот за деца и младинци, по претставата „Што е силеџија“.
Репризата на „Подрум“ е закажана за утревечер од 20:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.