Филмот „Театарот во Скупи“, во режија на Владимир Блажевски, ќе ја има својата премиера на светскиот ден на театарот, 27.03.2019, со почеток во 19 часот во Кинотека.

„Театарот во Скупи“ е научно-образовен филм кој го документира комплетниот процес на обнова на римскиот театар, објект од национално, но пред сѐ цивилизациско значење. Паралелно, се обработува и историјата на градот Скупи. Филмот не ги открива само тајните на театарот – тој нѐ воведува во археологијата како наука, а и во конзерваторството како занает.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.