Вечерва во студиото на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА ( во зградата на Кинотека), со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведена дуодрамата „9″ на режисерот Гоце Ристовски.
Драмскиот текст „Деветка“ е објавен во книгата „9 – 4 х 9“ од Гоце Ристовски, каде тој е преведен и на српски, бугарски и на руски јазик. Праизведбата на дуодрамата беше во 2016 година во Културниот центар во Нови Сад, во режија на Богдан Јанковиќ, со актерите Соња Лештар и Лазар Јованов.
Дуодрамата е проект од национален интерес финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.
Улогите ги толкуваат Зорица Панчиќ и Благој Чоревски. Визуелниот дизајн на претставата е на Стојанче Величковски- Грботворац, а асистент на проектот е Марија Панзова.
Преставата ќе биде изведена според здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, а влезот е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.