В сабота, на 23 октомври, во 14 часот Турски театар премиерно ќе ја изведе детската претстава „Рапунзел“ од Браќата Грим во адаптација и режија на Џабир Доко.
Улогите во претставата ги толкуваат: Инес Радончиќ (Вештерката), Ебру Мусли (Младата жена), Јеткин Сезаир (Младиот човек), Жале Османи (Рапунзел), Метин Ибрахим (Принцот) и Дин Ибрахим (Змејот).
Сценографија на претставата е на Татјана Блажевска -Христоска, а костимографија на Розе Трајческа – Ристевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.