В недела од 12.00 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата за деца „Авантурите на Пинокио“, која по книгата од Карло Колоди, ја режира Дарко Ковачовски.
Во сабота е претпремиерата од 13 часот. Драматизацијата на оваа извонредна авантуристичка пиеса за деца e на режисерот Дарко Ковачовски заедно со Надја Василева Ковачовска, која e и автор на сценографијата, костимите, маските и куклите.
„Се работи за куклено драмска претстава. Пораката што ја носи претставата е многу актуелна. Говори за едно дете кое преку своите неуспеси пораснува. За да добиеш срце не е потребно да си дел од големиот свет, туку да имаш сочувство кон другите“ вели режисерот Ковачовски.
Во претставата играат Јасмина М. Станкоска, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Даниела Иваноска, Александар Тодески, Наташа Ачански, и алтернација е Катерина Чакмакоска Клинческа.
Автор на музиката е Томе Темелкоски, а преводот на текстот е на Лидија Митовска Ѓорѓиевска.
Претставата е дел од програмата на театарот за 2018 година поддржана од Министерство за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.