Претседателот Ѓорге Иванов упати сочувство по повод смртта на актерката Билјана Беличанец.
Со неверување и длабока тага ја примив веста за трагичната смрт на нашата драга актерка Билјана Беличанец. Иако немам соодветни зборови што би ја ублажиле големата загуба дозволете, како претседател на Република Македонија да упатам најискрено сочувство до семејството, колегите од драмскиот театар и до целата македонска културна јавност. Нејзината драмска кариера започна во оној момент кога таа за прв пат го препозна повикот на театарот. Повик во својот живот да направи место за бројни ликови и да ги сподели со публиката. Преку незаборавните театарски улоги, Билјана го претвораше сонот во јаве, а животот во сон. И со тоа Билјана Беличанец го збогати македонското театарско творештво. Со нејзината трагична и прерана смрт, македонската театарска сцена остана без нејзиниот врвен талент и безрезервната предаденост кон драмската уметност, а сите ние останавме без нејзиното пријателство“, пишува во соопштението.
0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.