После две години скромна финасиска поддршка, Министерството за култура, годинава, ја прекина поддршката на манифестација со стекнат мегународен углед и третман – Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“, тврди Веле Митановски, претседател на Здружението за култура, литертура и издаваштво МАЦКОВО, од Охрид.
Според него ова здружение, всушност мештаните од селото Црвена Вода, родното место на писателот и поет Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца и млади се организатори на настанот, а од Министерството за култура добиле решение каде стои дека финасирањето е прекинато поради тоа што “манифестацијата не е традиционална и не содржи опис за одржување во услови на пандемија”!?
Од Здружението, писмено ја информирале министерката Ирена Стефоска, дека манифестацијата се одржува веќе две години, дека е традиционална, дека, досега, финасиски, e помагана од самото министерство (првата година со 1000, втората со 800 евра), заедно со општините Охрид, Дебрца и Вевчани.
Исто така, дека, манифестација, минатото лето, е одржана – комбинирано, во живо и виртуелно, дека свеченото отворање, со говор на градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, е пренесувано Он-Лине, преку порталот Охрид Њуз, со учесници од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.
Сетоа тоа, како извештај, е проследено до Министерството за култура, заедно со покровителските Посланија на претседателот Стево Пендаровски и генералниот секретар на Светската академија на поезијата, при УНЕСКО, д-р Лаура Троиси.
Тоа што го препознаваат Балканот и Светот, не мора да го гледа Комисијата за литература и издавачка дејност, при Министерството за култура, затоа што некој, или НЕКОЈА,од Комисијата, во името на нашата држава и наградувана со наши пари, си лечи лични фрустрации, или одработува испорачани лични одмазди. Ние нема да го урнисаме Кампот, поради недобиените 800 евра, исто, како што сме направиле напор, кога веќе државата не го направила тоа (!), барем со малку, да ја подуредиме и означиме родната куќа и да му уредиме “Спомен соба” на нашиот славен соселанец, но ова што се случи годинава е надвор од секаква разумна логика, велат од здружението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.