Градскиот дувачки оркестар вечерва (19 часот) ќе го одржи традиционалниот предновогодишен концерт во Младински културен центар (МКЦ). Влезот е слободен, со претходно подигнување бесплатен билет на билетарница во МКЦ.

Ќе се изведат дела од повеќе жанрови: поп, рок, џез, самба, како и македонски песни. Крајот е со „Радецки марш“ на Јохан Штраус.

Градскиот дувачки оркестар е формиран во 2006 на иницијатива на Град Скопје и МКЦ. Во него членуваат 29 професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.