Во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, вечерва со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи предновогодишниот концерт „Мала Италија патува со Павле Камилоски“. Солистот Павле Камилоски ќе настапи во пијано-придружба на Горан Начевски.
„Мала Италија патува со Павле Камилоски“ е проект посветен на музиката и создаден од љубовта кон звуците на класиката, медитеранската музика, романтичните шансони, канцони и шпански песни. Приказната на Мала Италија е започната пред пет години, и брои пет прекрасни концерти на различни локации во Скопје. Мотивација за проектот е Павле Камилоски и неговата вродена љубов и талент кон медитеранската музика и безвременските музички творештва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.