Скопско астрономско друштво и Младински културен центар (МКЦ) повторно организираат предавањата на кои има симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Предавањата ќе се одржат на 17 и 18 декември во два термини и тоа од 19.30 и од 20,30 часот.

Предавач е Радан Митровиќ кој ќе говори за најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо. Секако, централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас.

Планетариумот е во состав на МКЦ, а влезот е од страната што гледа кон Македонската радио телевизија. Билетите, кои се во ограничен број, може да се набават во билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари.

Предавањата се наменети за студенти и повозрасна публика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.