Во рамки на годинашното четврто издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт, во сабота (30 ноември) предавање на тема: „ Едноставно, да се биде човек кој не прави ништо: за прашањето на психомоќта“ ќе одржи филозофот Стефан Новотни.

Предавањето ќе се одржи во Чифте амам, Национална галерија, со почеток во 19 часот.

Стефан Новотни е филозоф, кој живее и работи во Лондон. Предава на катедрата за Визуелни култури и е член на Центарот за филозофија и критичка мисла на Универзитетот Голдсмитс, во Лондон. Пред да му се придружи на Универзитетот Голдсмитс, во 2011 година, бил соработник на Центарот за филозофија на правото на Универзитетот во Лувен / Лувен-ла-Нуев (2001–2003) и предавал на универзитетите во Германија (Линбург) и Австрија (Клагенфурт). Тој бил дел од транснационалните проекти на eipcp Трансформација: Нови форми на институционална критика (2005–2008), Превод: Надвор од културата – Политиката на преводот (2005–2008) и Европа како простор за превод. Политика на хетеролингвилност (2010–2012), како и разни други проеки и соработки со визуелни како и уметници кои се занимаваат со перформанс. Тој има на широко објавувано во областа на филозофијата и политиката, бил коуредник на повеќе антологии, превел бројни текстови од француски и англиски на германски јазик, бил и ко-автор двата тома Instituierende Praxen. Bruchlinien der Institutionskritik (w / G. Raunig, 2008) и Übersetzung: Das Versprechen eines Begriffs (w / B. Buden, 2008).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.