Од денеска, 18 мај, вторник, Археолошкиот Музеј на Македонија ја покренува активноста „Прашај го археологот“.

„Прашај го археологот“ е дел од Меѓународниот ден на музеи 2021, чија овогодишна тема е „Иднината на музеите – закрепнување и реинтерпретација“.

Не постојат чудни прашања, постојат само прашања кои не се поставени. Драги деца, што е она што секогаш сте сакале да прашате некој археолог, а сте немале можност? Токму сега ќе имате прилика за тоа. Преку оваа активност сакаме вам, како наши млади посетители да ви овозможиме да поставите прашања за сѐ она што ве интересира од областа на археологијата.
Пристигнатите прашања ќе бидат одговарани во неколку наврати преку видео снимка која ќе биде поставена на социјалните мрежи, со цел сите да добиете одговор на своето прашање.
Испратете ни ги вашите прашања преку порака на нашите социјални мрежи, соопштија од Археолошкиот музеј.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.