Најмасовната културна манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“ годинава доби повеќе пари од Министерството за култура отколку досегашните изданија на Фестивалот. Директорката, Наташа Поповиќ, во интервју за МИА говори за програмата, гостите, сцените на кои ќе се одвивааат програмските активности и одобрените финансиски сретства за годинешното 59-то издание на Фестивалот.

Повеќе пари подразбира подобра програма. Ќе има многу познати имиња и големо изненадување за отворањето на фестивалот. Сето тоа ќе биде соопштено на почетокот на мај, кога ќе бидат фиксирани и датумите на програмата, што е веќе затворена. Во програмата што седумдесет отсто е музичка, а триесет драмска, ќе преовладува класичната музика. Од целиот свет ќе има околу илјада уметници – солисти, хористи, музичари, артисти, театарски уметници. Целта ми беше програмата да биде професионално сработена, без никакви импровизации. Публиката несомнено ќе добие висок уметнички квалитет и внимателно креиран концепт од страна на селекторите и управата, а не некохерентен збир на настани и изведувачи. Годинава ќе имаме навистина светска програма и очекуваме досега најголема посетеност. Покрај Министерството за култура, програмата ја поддржаа и нашите спонзори, кои несебично ни ја даваат својата поддршка, секако и Општина Охрид, вели Поповиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.