Познати се добитниците на наградите од третиот Меѓународен фестивал на краток филм, „Филмај 2021“ Куманово, соопштија денеска од кумановскиот Фото-кино клубот „Козјак“.

Наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија ја доби Азадех Мусави за иранскиот филм „The Visit“ , наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија му припадна за Питер-Јан Клесенс за филмот „Da Yie“ од Гана, наградата „Козјак“ за најдобро сценарио за Али Асгари и Фарнуш Самади за иранскиот филм „Witness“, наградата за најдобар домашен (македонски) филм за „Неонски срца“ во режија на Ана Јакимска.

За наградите решаваше тричленото жири во состав Лидија Мојсовска (режисер/сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф). Организаторот дополнително ќе ја објави листата со официјално одбраните филмови за прикажување на фестивалот.

– Со оглед на моменталните безбедносни и здравствени услови, фестивалската вечер, првично замислена да се случи при крајот на мај е планирана да се реализира во септември 2021. Оваа одлука е заснована на искрена желба и страст на организаторот да овозможи потполно кино фестивалско искуство, со бројна публика присутна во проекциона сала, соопштија организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.