Познатата виолинистка ја објави своата дијагноза на Фејсбук со видео порака со зборовите „Ова е тешка ситуација за секој уметник, но доаѓаат подобри времиња“.
Германската виолинистка Ана Софи Мутер е позитивна на тестот за коронавирусот. Виртуозот на виолина на возраст од 56 години на Фејсбук постираше видео каде информираше дека е во карантин.
Позитивна сум на тестирањето за коронавирусот, вели таа. Останувам во карантин дома и очекувам брзо закрепнување. Навистина постојат тешки случаи и ова е тешка состојба, но во мојот случај, јас имам 56 години, пушач сум, па би сакала да апелирам на моите фанови дека во вакви околности навистина треба да размислат да ги остават цигарите. Останете здрави и да останеме силни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.