Оперската куќа Ла скала во Милано синоќа повторно ги отвори вратите, со ограничен број гледачи, откако седум месеци беше затворена поради пандемијата на коронавирусот.
Членовите на оркестарот и хорот под заштитни маски изведуваа арии од опери на Џузепе Верди, Рихард Вагнер и други познати композитори. Тоа го следеа околу 500 гледачи на ложата, додека долниот дел од театарот остана празен.
Концертот го одбележа дебито на норвешката сопрано-певица Лиса Давидсон, а заврши со петминутни овации и бис на аријата „Хорот на Евреите“ од операта „Набуко“ на Верди.
Ова е нов почеток не само за Ла скала, туку и за цела Италија!, рече уметничкиот директор на операта во Милано, Доминик Мајер.
Концертот ја одбележа и 75-годишнината од повторното отворање на Скала по паузата при бомбардирањето во Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.