Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за организирање јавни настани, потврди министерот за здравство, Венко Филипче.
Протоколот беше предложен од страна на претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани.
Со протоколот се дозволува организирање јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитетот каде што ќе се организира настанот.
Картите ќе се продаваат електронски за да не се прават редици, а носењето маски ќе биде задолжително.
По повеќе од три месеци целосен застој, културата е меѓу последните области која почнува да заживува додека сѐ уште трае епидемијата на коронавирусот, па денеска беше усвоен протокол за организирање музички настани.
Станува збор за одличен протокол и здруженијата преземаат обврска сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат настани“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Пандемијата на коронавирусот одложи неколку големи концерти кои беа закажани во изминатиот период, додека 10. издание на Д фестивал во Дојран е преместено во втората половина на август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.