Министерот Исмаили се заблагодари на вработените во Министерството за култура кои, како што рече, посветено работеа повеќе од две години на изнаоѓањето правна рамка за усогласување на барањата што ги имаа двата репрезентативни синдикати. Тој ја поздрави и конструктивноста и истрајноста на претставниците на синдикатите кои беа членови во Работната група, која, како што рече, на задоволство на целиот ресор култура успеала да го постигне Колективниот договор по повеќе од 15 години нерегулирани односи во културата.
За спроведување на Колективниот договор, Владата донесе заклучок средствата потребни за оваа намена да се обезбедат најдоцна до 1-ви јули 2020, термин од кога најдоцна и ќе се применуваат коефициентите за вработените во културата, за што согласност дадоа и двата репрезентативни синдикати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.