Новиот објект каде треба да бидат сместени Тетовскиот театар и библиотеката ќе се опремува во наредните четири години со средства од 23 милиони евра од државниот буџет. Речиси се завршени градежните работи во објектот, кој сега во втората фаза ќе биде опремен со најсовремени аудио визуелни уреди, какви досега нема во државата, ќе се опреми ентериерот и инфраструктурата за библиотеката. За опремувањето, денеска беше потпишан Договор со изведувачите.

Проектот за изградба на театар и библиотека во Тетово е еден од најобемните проекти, како во однос на реализацијата така и во однос на изградбата. Сега успеавме да ги финализираме постапките за почеток на втората фаза од изградбата, односно за ентериерот. Објавивме јавна набавка со отворена постапка, значи меѓународен повик, при што е избран понудувачот, а тоа е групата на понудувачи „НБ компани“ од Тетово и „Пелагонија“ од Гостивар со кои денес склучуваме договор за почеток на работите, изјави Арлинд Хусеини, директор на Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.