По повод оджувањето на Саемот на книга, во соработка со ЈСП Скопје, за полесен пристап на посетителите на Саемот на книга, се воведуваат две нови линии, 100 и 200. Линијата 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до Арена „Борис Трајковски“, додека линијата 200 ќе сообраќа од населба Дексион до Арена „Борис Трајковски“. Цените на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП.
На 31. издание на Меѓународниот саем на книга во Скопје, кој ќе се одржи во период од 8. до 14 мај во Арена „Борис Трајковски“, земја во фокус оваа година е Унгарија и унгарската книжевност. На сопствен штанд, амбасадaта на Р. Унгарија ќе ги претстави унгарските книжевни дела објавени на македонски јазик во последниве години. Она со што може да се пофали оваа земја е богатата книжевна литература, со многу наградувани автори и литературни дела кои можат да се најдат на полиците ширум светот, а токму на саемот на книга публиката ќе има можност лично да се сретне со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и со македонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов. Покрај врвните унгарски книги, за време на саемот ќе биде изложена и изложба на илустрации од современи унгарски детски книги.
Околу 70 издавачи од Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од 31-то издание на Меѓународниот саем на книгата кој ќе се одржува од 8 до 14 мај.
Поединечна влезница за Саемот на книга чини 30 денари, додека групната е 20 денари. Работно време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.