Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Пораки за идни времиња“ од проф. д-р Стефан Влахов-Мицов. На уводните страници од своето најново дело, познатиот автор пишува за суштествени настани, дела и личности, кои оставиле длабок печат во македонската историска реалност, а посебен акцент става на историското осмислување на македонската судбина, видена низ призмата на делата на Ѓорѓија Пулевски, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Ацо Шопов и Блаже Конески. Во вториот дел од книгата С. М. Влахов пишува за творештвото на Гане Тодоровски, Раде Силјан, Блаже Миневски, Петре М. Андреевски и Анте Поповски.

Стефан Влахов Мицов (Габрово, 1956) е автор на богат научен, книжевен и публицистички опус, а неговата книга „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ предизвика голем интерес кај научната јавност и кај широката читателска публика. Ова негово круцијално дело доживеа неколку изданија во Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.