Агенцијата за филм која е под директна надлежност на владата правосилно ги изгубила споровите против Јадран Филм за серијата „Македонија“.
Со правосилна пресуда на сите нивоа во македонските судови, раскинот на Договорот со Јадран Филм за ТВ серијата Македонија од 27.09.2017 е прогласен за ништовен, заедно со сите превземени акции на основа на тој раскин на договор.
Со тие пресуди, на сите нивоа во македонските судови, Агенцијата за филм и Горјан Тозија ги исцрпија сите законски можности против Јадран филм.
За ништовна е прогласена одлуката на Тозија бр. 02-1257/1 од 27.09.2017г.
Тозијаја напушти функцијата директор на Агенцијата за филм мината годинапо неколку корупциски скандали неповрзани со овој случај, плаќања без гаранции и сомнителни консултантски договори на барање на Антикорупциската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.