Поради коронавирусот бројни манифестации и фестивали во земјава го одложија одржувањето или се одлучија за онлајн прикажување на содржини.

Фестивалот „Охридско лето“ годинава одбележува значаен јубилеј-60 години постоење и според директорката Наташа Поповиќ се прават напори отворањето на фестивалот да се случи на 4 август-токму на денот која за првпат се одржала манифестацијата.

Годинава „Охридско лето“ бележи 60 години. Чекаме да се прогласи крај на вонредната состојба и понатаму со препораки од ресорното Министерство за култура и министерот Хусни Исмаили и препораки од Владата сакаме и би требало да се одржи годинешното издание на „Охридско лето“ со тоа што би се поместила датата на свеченото отворање и наместо на 12 јули тоа би било на 4 август, на истиот датум кога и пред 60 години се отворил фестивалот, изјави Поповиќ за „Утрински брифинг“.

 

🎥📞 Поповиќ: Една од опциите е да започнеме со „Охридско лето“ на 4 август

Posted by Утрински брифинг / Utrinski brifing on Wednesday, May 27, 2020

 

Таа посочи дека сеуште траат преговорите и не може да ја соопшти програмата додека се не е конечни, носењето маски ќе биде задолжително, а добра страна е што програмата на фестивалот најмногу се одржува на отворено така што од тој аспект ќе бидат задоволени протоколите. Сепак, Поповиќ остави резерва дека постои и опцијата онлајн да се одржи фестивалот доколку дојде до повторно враќање на епидемијата на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.