Препевот на албански јазик на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска деновиве е објавен во Косово во издание на издавачката куќа „Армагедон“, во превод на Шкелзем Халими.

Освен ова меѓународно издание, Сарџоска неодамна објави свои досега необјавени песни, напишани на италијански јазик, во „Антологијата за Џенова“ кај издавачот Бертони во Италија, а во Неапол таа влезе меѓу финалистите за наградата „Песна за Наполи“ на италијанскиот издавач Гвида Едиторе.

Тоа е награда која се доделува секоја година за најдобро поетско дело напишано на италијански јазик и на неаполски дијалект. Песните на финалистите се објавени во антологија и ќе бидат презентирани на Саем на книга во Неапол во април 2020.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.