По повод Светскиот ден на поезијара, денеска во Македонската академија на науките и уметностите во организација на Друштвото на писателите на Македонија и Македонскиот ПЕН центар се одржа поетско читање.

Со свои стихови настапија: Влада Урошевиќ, Катица Ќулафкова, Димитар Башевски, Виолета Танчева-Златева, Веле Смилевски, Дeлвина Крлуку, Зоран Анчевски, Иван Џепароски, Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски, Јовица Ивановски, Сузана В. Спасовска, Тихомир Јанчовски и Никола Маџиров, кој оваа година имаше чест да биде автор на традиционалното поетско послание од името на македонските поети. Во духот на повик за мир во светот, беа прочитани и стихови од неколкумина украински поети



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.