Во рамки на програмата на годинешното издание на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ предвиден е портрет на минатогодишната добитничка на наградата „Браќа Миладиновци” Ива Дамјановски, а поетски читања ќе имаат поетите од потесниот избор за оваа година. Предвидена е средба со издавачи, агенти и професионални посетители во рамките на платформата „ Версополис“, како и поетски портрет со лауреатот Керол Ен Дафи. Дел од програмата се традиционалните „Ноќи без интерпункција“.

Јубилејното фестивалско издание се одржува под посебни протоколи поради пандемијата со Ковид – 19, а учествуваат 30-тина поети од Србија, Грција Албанија, Косово, Црна Гора, Франција, Унгарија, Швајцарија, Хрватска, Австрија, Словенија, Германија, Бугарија, Италија, Монголија, Естонија, Палестина, САД, Индија, Литванија… Дел од нив се присутни во Струга, а дел ќе имаат видео читања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.