Во Библиотеката „Феткин“ во Кавадарци, вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи поетско претставување на поетот Тихомир Јанчовски. По повод 20-годишнината од објавувањето на неговата прва книга Јанчовски прави втор избор поезија во која се поместени избор песни од веќе публикувани негови книги и нови песни под наслов „Тихување“.

На вечерашниот настап ќе се направи поетски осврт на неговите три дела „Влакно на јазикот“, „Два света“ и „Тихување“. Модератор на поетската вечер е поетесата Цветанка Колева а стихови ќе читаат Добрила Грашевска, Данаил Данаилов и Дарко Јан Спасов.

Тихомир Јанчовски досега ги има објавено книгите поезија : „Обични зборови“(1999), „Два“(2002“, ,„Послдно време“(2005), „Осама“ (2010), „О, ти“ (2011), „Староста може, а и не мора да се дочека“ (2013), „Од збор до збор“ и „Игла и конец“(2016) „Године“ (2017“, „Тhe Noise of Loneliness“ (2018) и „Влакно на јазикот“ која е негова единаесетта поетска книга. Има објавено и еден роман под наслов „Лидија или се што знам за жените“ и книгата колумни „Како ми скроија капа“ . Наскоро треба да излезе од печат неговиот втор роман „Сѐ што знам за животот“.

Преведуван е на многу јазици и тоа на англиски, француски, словачки, српски, хрватски, албански, босански, грчки, германски, грузиски, персиски и италијански. Минатата година ја приреди и преведе од англиски јазик поезијата на персискиот филозоф и поет Руми под наслов „Два света“ која вечерва заедно со неговите две поетски книги ќе биде претставена пред кавадарчани. Тихомир Јанчовски ја направи и антологијата „Условна слобода“ од современата поезија на Босна и Херцеговина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.