Нобеловата награда за литература за 2020 година ја доби американската поетеса Луиз Глик, соопшти денеска Шведската литературна академија.

Нобеловата награда за литература во 2020 година се доделува на американската поетеса Луис Глик „за нејзиниот непогрешлив поетски глас што со строга убавина го прави индивидуалното постоење универзално“, стои во објавата на комитеот.

Минатата година наградата ја добија австрискиот писател Питер Хандке и полската писателка Олга Токарчук.

Минатата година, наградата и за 2019 и за 2018 година беше доделена истовремено, бидејќи беше одложена пред две години поради скандалот во Шведската академија што ја доделува наградата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.