Вечерва, на 15 октомври 2019, со почеток од 19 часот, на Градски плоштад – Кавадарци свечено ќе биде отворено годинашното издание на традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен“.

Отворањето ќе донесе настап на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и настап на ученици и професори од Основното музичко училиште “Лазо Мицев Рале“ Кавадарци.

Манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2019“ ќе трае еден месец и ќе донесе над 30 културни и уметнички настани – концерти на класична музика, фолклорен фестивал, ликовни изложби, работилници од областа на театарот, фолклорот и фотографијата, а во рамките на истата ќе се оддржи и „Месец на театарот во Кавадарци“ по повод 90 години од првата официјално одиграна театарска претстава во Кавадарци. По тој повод во Кавадарци ќе се одржат неколку претстави на Театарот при кавадаречкиот Дом на култура, од кои една премиерна – „Снежана и седумте џуџиња“ во режија на Микица Илова, како и неколку гостувања на професионални театарски ансамбли.

Манифестацијата официјално ќе биде затворена на 15 ноември 2019.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.