Во Тетово утре ќе почне јубилејното десетто издание на Интернационалниот филмски фестивал во Тетово – ТИФФ ОДА (TIFF ODA). Свечено отворање ќе има во Центарот за култура со почеток во 20 часот каде што ќе се одржуваат сите проекции.
Интернационалниот филмски фестивал ќе се одржува шест дена од 28 август до 3 септември. Ќе бидат прикажани 13 долгометражни филмови и 40 краткометражни филмови – информира Сабедин Селмани од организацијата на фестивалот.
Првата проекција е предвидена за во недела од 20 часот со филмот „Приказна од Приштина“. Во понеделник од 22 часот ќе се прикаже филмот „Човек“ на режисерот Игор Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.