Денеска во Хрватска почна снимањето на филмот „Таја носеше црлена шамија“ („Nosila je rubac črleni“), хрватско-македонска копродукција во режија на Горан Дукиќ.
Ова е прв проект каде Македонија се јавува во улога на копродуцент за кој е најавено почнување на продукцијата овој месец, по неколкумесечната стагнација која беше предизвикана поради ковид -19.
Приказната, по сценарио на Сандра Антолиќ, го следи семоќниот и сезнајниот наратор Исус Христос, не помалку сезнајната тетка Анка и љубопитната прасица Беба, кои се главните ликови на оваа романтична рурална комедија со пеење, сместена во питомото Загорје во воените 1990-ти. Со ситниот вез на слатко-горки заплети доминираат драмата на првата свинска љубов во време на воздушна тревога и дефектот на една фризерска хауба насред полузавршена фризура.
Филмот е во продукција на Швенк (Хрватска), а македонски ко-продуцент е Вертиго Висуал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.