Денеска започна снимањето на краткометражниот игран филм „Сценариото“, по сценарио и режија на Александра Кардалевска, а во продукција на „Лајт Продакшн“ во соработка со КругФилм од Скопје, Алка Филмс, Кубе Студиос од Албанија и Иконе студио од Косово.

„Сценариото” раскажува фантастична приказна за неколку познати ликови од литературата кои излегле од своите оригинални дела со цел да се сретнат во фантастичната приказна на сценариото обидувајќи се да излезат од него.

Главните улоги ги толкуваат Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Дамевски и Ана Стојановска.

Продуценти на филмот се Александар Крстевски и Дејан Крајчевски, директор на фотографија е Душан Кардалевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Маја Ѓуреска, шминкер Снежана Ангеловска и снимател на тон Дарко Спасовски.

Проектот е финансиран со средства од Агенцијата за филм и ќе се снима на локации во Скопје до 24 декември 2021 година.

фото:  Dimitri Geukenne



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.