Во саботата започна снимањето на краткометражниот филм “Проблемот на Тина” во режија на Радован Петровиќ, по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на ДФВП Партизанс.
Тина е 22-годишна интровертна девојка со ниска самодоверба која се бори со идејата како треба да изгледа нејзиното тело. Таа е под влијание на моделите на патријархалното општество и луѓето околу неа.
Главните улоги ги толкуваат: Душица Настова, Жаклина Стевковска, Тамара Ристоска, Јордан Симонов, Емилија Мицевска Трајковиќ и Ненад Митевски. Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиоска, снимател на тон Игор Поповски.
Проектот ќе се снима на локаци во Скопје до први декември, а е финансиран со средства од Агенцијата за филм на Македонија, велат од продукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.