Почна снимањето на краткиот игран филм „Северниот пол” по сценарио и во режија на Марија Апчевска.
Филмот е приказна за 16-годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Проектот беше еден од двата наградени филмови на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019. Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.
Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.
Филмот се снима на 16 mm филмска лента и е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков од Кино око, а копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ од Сервиа Филм. Снимањето на „Северниот пол” ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица, а постпродукцијата во Будимпешта и Белград. Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за филм и Српскиот филмски центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.