Со соло рецитал на саксофони на супер-херојот на скандинавската џез сцена, Матс Густафсон од Шведкса, во Националната опера и балет вечерва почна јубилејното 40-то издание на Скопскиот џез фестивал .
Веднаш по Густафсон ќе настапи новата колема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О од САД.
Овогодишниот Скопје џез фестивал изобилува со богата програма, а во пресрет на јубилејот организиран е специјалниот проект „Ну Мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов.
Скопје џез фестивалот ќе трае од 20 до 24 октомври во салите на Националната опера и балет и Кино Фросина во Младинскиот културен центар, каде што над единаесет познати изведувачи од Македонија, Европа, Куба и САД ќе одржат концерти во живо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.