Познатиот српски режисер Душан Макавеев почина денеска во 82 година од животот. Тој создаде филмови кои го критикуваа гнилото општество, како комунистичкото, така и капиталистичкото. Негови филмови се: „Парада“ (1962), „Човекот не е птица“, „Љубовен случај или трагедијата на поштенската службеничка“ (1967), „Невиност без заштита“ (1968), „Ми недостига Соња Хени“ (1972) и други.
Душан Макавеев е роден на 13 октомври 1932 година во Белград. Дипломирал психологија на Филозофскиот факултет во Белград.
Како голем познавач на делата на психологот Вилхелм Рајх, Макавеев често ги користел неговите учења во филмовите. Неговиот филм „Мистерии на организмот“ (1971) бил токму посветен на овој никогаш доволно признат револуционер-психолог.
Бил уредник на многу списанија. Имал важна улога во студентските демонстрации од 1968 година. Добитник е на бројни домашни и странски награди, меѓу кои и „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал за филмот „Невиност без заштита“, „Сребрена арена“ во Пула и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.