Почина професорот по филозофија Стефан Сидовски – Сидо. Тој 36 години беше професор во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а предаваше и како вонреден професор по историја на филм и теорија на филм во ЕСРА.
Беше режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм. Сидовски е познат како омилен и инспиративен професор, кој будеше филозофска и прогресивна мисла кај бројни генерации ученици.
Тој е автор на филмовите: Контејнер (2008). Полуден Револуционер (2015), Raison d’etre (2006), Средба (2014), Големиот оратор (2007), C’est la Vie (2016)…
Неговиот последен филм, објавен на Јутјуб, е насловен „Последното кафе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.