По долго и тешко боледување, на 85 години во Скопје почина актерката Таска Балабанова, со чиј глас израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио. Балабанова е родена во Велес.

Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива во цртаната серија „ Попај морнарот“, како и натсинхронизациите во серијата Штрумфови.

Како актерка, кариерата ја започна во некогашниот Младинско-куклен театар, од кој во 1965 е формиран Драмскиот театар. Балабанова потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радиоактер и го позајмуваше својот глас во бројни радиодрами: „Веселата емисија“, „ Лирското интермецо“, потоа култната серија „ Хихирику“.

Публиката ја памети и од тв-сериите: „Средба“, „Едно лето“, „Илинден, „Време на летала“, „Трето доба“, „Мугра“, „Македонски народни приказни“ и „ Време – живот“.

Објави интерпретации на приказни за деца, а ги снимаше и првите реклами во 1950-те години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.