Полскиот поет Адам Загајевски, лауреат на Струшките вечери на поезијата во 2018 година, почина вчера, токму на Светскиот ден на поезијата 21 март.
Загајевски (Лавов, 21 јуни 1945), е еден од најголемите полски и светски поети, новелист, преведувач и есеист. Во 2004 година бил награден со Нојштадската меѓународна награда за литература, во 2016 со Грифиновата поетска награда за животно дело, во 2017 со Наградата на принцезата на Астурија за литература и во 2018 година со Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
Во превод на Звонко Димоски беше објавен капитален избор од неговото творештво на македонски јазик.
Претставувајќи го поетскиот лик на лауреатот на Струшките вечери на поезијата 2018, проф. Танушевска од катедрата за славистика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје меѓудругото кажа: “Добро е што полската поезија го има Адам Загајевски. Неговиот бел стих, длабок и рафиниран, насочен кон читателот, допира до многу луѓе во светот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.