Утрово, на 89-годишна возраст, почина поетот Милан Терзовски. Роден е на 26 април 1930 година во Куманово. Член е на ДПМ од 1961 година. Автор е на збирките поезија: „Чекори во себе“ (1961), „Омарнина“ (1968), „Балади за Козјак“ (1973), „Постапалки“ (1981), „Галичица“ (1985), „Црно распаќе на песната“ (1991), „Сончев часовник“ (2001), „Азбучна молитва“ (2010).
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Скопските градски гробишта „Бутел“ утре, на 12.06.2019 година, во периодот од 10:30 до 11:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.