Денеска на 72-годишна возраст почина Панде Манојлов, плоден и сестран писател – поет, раскажувач, критичар.

Роден е на 2 мај 1948 година во Породин, Битолско. Член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1989 год.

За збирката поезија „Јужни реки“ ја доби наградата на ДПМ за поезија „Ацо Шопов“ за 2019 година.

Автор е на голем број наслови, меѓу кои поетските збирки: „Црвен немир во црвено пламти“ (1971), „Соѕвездие на болот“ (1977), „Песни за Тито“ (1981), „Огнена земја“ (1983, коавтор), „Блажевина“ (1988), „За Битола, вековите и љубовта“ (1989), „Македонски поетски молк“ (1997), „Лет во сонот над Ајфелова кула“ (1998), „Љубов и чемер“ (2005), „Тевекелиски песни“ (2008), „Битола љубов моја“ (2009), „Месечина со превез (2011)“, „Ветровито време“ (2015), „Далечен сон“ (2016).

Пишувал и поезија за деца, раскази за деца и возрасни, хумористично-сатирични дела и театарски критики: „Талија на битолската сцена“ (2003). Автор е и на книгата сведоштва  „До Учителот – низ сито и решето“ (2015).

Негови песни се објавени и препеани на: англиски, француски, германски, руски, арапски, турски, бугарски, српски, грчки, татарски, хрватски, башкириски и други јазици.

Добитник е на повеќе награди и признанија за книжевност во земјата и странство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.