Американската писателка Тони Морисон, добитничка на Нобеловата награда за литература, почина на 88-годишна возраст.

Семејството на Морисон потврди дека писателката починала по кратка болест.

Морисон ја освои Нобеловата награда за литература во 1993 година.

Како писателка Морисон дебитира со романот „Најсиното око“ (1970). Авторка е на уште пет романи, меѓу кои се „Песна на Соломон“ (1978), „Љубена“ (1987), кој ја добил Пулицеровата награда, и „Џез“ (1992). Во нејзиното творештво се опишуваат животот и историјата на афроамериканците во Америка.

Морисон е првата жена Афроамериканка, која потекнува од работничко семејство.Во 1953 година го завршила универзитетот „Хауард“, а во 1965 година била уредник во книгоиздавателството „Рендом Хауз“ во Њујорк. Од 1989 година била професор по хуманитарни науки на Пристонскиот универзитет, Њу Џерси. „Молчењето ни било долго и длабоко“, вели Морисон. Барајќи ја врската меѓу сегашноста и минатото, Морисон раскажува за ликот на афроамериканците, принудени да ги поднесуваат ужасите на ропството и ексцесите на расизмот. Била членка на Американската академија за уметност и литература.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.