Почина легендарниот филмски работник Глигор Паковски – Гицо. Глигор Паковски е еден од доајените на македонската кинематографија. Учествувал во снимањето на околу 400 играни, кратки и документарни филмови, не само во Македонија, туку и на просторот на некогашна Југославија. Целиот свој работен век, како снимател на тон и монтажер на звук, го поминал во „Вардар филм“, каде се вработил во 1953 година.
Во својата работа соработувал со режисерите Димитрие Османли, Љубиша Георгиевски, Коле Ангеловски, Александар Ѓурчинов, Стево Црвенковски, Бранко Гапо, Владимир Блажевски, Кирил Ценевски и Антонио Митриќески во играната продукција, како и со Столе Попов, Трајче Попов, Мето Петровски во документарната продукција. Последен филм на кој работел е „Планетариум“ (1998) на Киро Урдин. Работел и со режисерите Ватрослав Мимица, Жика Митровиќ и со Здравко Велимировиќ.
Меѓу големиот број награди, Паковски е добитник на две награди „Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула, за филмовите „Татко“ (1973) и „Јазол“ (1985), како и на наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“.
На Паковски, Кинотека на Македонија му ја додели и наградата „Златен објектив“.
Најважната работа за еден тонски снимател не е опремата и техниката за снимање, туку основна алатка е неговото уво. Тонскиот снимател треба да слуша во три димензии, во три планови, односно што се случува пред, но и позади камерата. Пред мојот микрофон стоеле многу светски луѓе и речиси сите артисти од Југославија. Не сум научен пред мене да стои микрофон додека зборувам и многу ми е драго што Кинотеката на Македонија ми ја направи оваа чест, изјави во таа прилика Глигор Паковски.
Погребот ќе се одржи утре, на 28.01.2020 година, од 11:30 часот на Градските гробишта Бутел, капела 10:30 часот.
Паковски беше роден во Галичник, 1932 година. Тој беше долгогодишен филмски работник – тон снимател. По завршување на Вишата сојузна електростопанска школа во Скопје 1953 година се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје, каде го минува својот работен век како тонски снимател,односно монтажер на звук. Играниот филм ВОЛЧА НОЌ и документарниот РИТАМ И ЗВУК се првите задачи на Пакоски. Филмографијата на Глигор Пакоски е обемна,својог авторски придонес го дава во 24 играни и во повеќе од 150 документарни филмови. Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои, две златни арени за тон на Филмскиот фестивал во Пула, две златни плакети на Југословенскиот фестивал за документарен и краткометражен филм како и Републичките награди 11 Октомври и 13 Ноември.
Награди: 1973 ФЈИФ Пула,Златна арена за тон / „Татко“ 1976 Награда 11 ОКТОМВРИ / „Австралија, Австралија“ 1976 Награда 13 НОЕМВРИ / „Селанска буна“ 1978 ФЈДКФ Белград, Златен медал Белград за тон / „Угич“ 1979 ФЈДКФ Белград, Златен медал Белград за тон / „Голгота“, „Дае“ 1985 ФЈИФ Пула, Златна арена за тон / „Јазол“
Филмови: 1971 УМИР КРВИ, тон снимател, монтажа на тон, ФРЗ – Белград, Косова филм Приштина 1974 УЖИЧКА РЕПУБЛИКА тон снимател,игран, Инекс филм Белград 1975 СЕЛАНСКА БУНА (SELJAČKA BUNA), тон снимател, игран, Јадран филм Загреб, ФРЗ Белград 1978 ДВОБОЈ ЗА ЈУЖНАТА ПРУГА (DVOBOJ ZA JUŽNU PRUGU), тон снимател, игран, ЦФС Кошутњак – ООУР Авала филм – Белград 1979 ВЕТЕР И ДАБ (VETAR I HRAST), тон снимател,игран, Косово филм Приштина 1997 НОЌ, тон снимател, игран, копродукција Вардар филм, Алба филм Тирана 1998 ПЛАНЕТАРИУМ, тон снимател, документарен – целовечерен
Филмографија:
1955: Волча ноќ ( Асистент тон снимател, )
1955: Ритам и звук ( Асистент тон снимател, )
1957: Конзервирани витамини ( Тон, )
1957: Полог (економски преглед) ( Тон, )
1957: Полог (туристички преглед) ( Тон, )
1957: Средновековни фрески во Македонија ( Тон, )
1957: Мерино ( Тон, )
1957: Во стариот крај ( Тон, )
1957: Бунт на куклите ( Асистент тон снимател, )
1957: Сонце зад решетки ( Асистент тон снимател, )
1958: По трагите на јагулите ( Тон, )
1958: Македонски тутун III ( Тон, )
1959: Прилеп, вчера и денес… ( Тон, )
1959: Препородени полиња ( Тон, )
1959: По врвиците на слободата ( Тон, )
1959: Допири со смртта ( Тон, )
1959: Бели штркови ( Тон, )
1960: Прилепски тутун ( Тон, )
1960: Во долината на цветовите ( Тон, )
1960: Сонце на младоста ( Тон, )
1960: Први Мај 1960 ( Тон, )
1960: Погон 3 ( Тон, )
1960: Фабрика за фрижидери „Битола“ ( Тон, )
1961: Детето од колоната ( Тон, )
1961: Македонија 1941 ( Тон, )
1961: Твојот роденден ( Тон, )
1962: Зимски импресии ( Тон, )
1962: Граница ( Тон, )
1962: Кој е виновен? ( Тон, )
1963: Скопски репортер бр. 3 ( Тон, )
1963: Нашата доверба ( Тон, )
1963: Школите и универзитетот во скопската катастрофа ( Тон, )
1963: Девојките од Мали ( Тон, )
1963: Оваа пролет 1963 ( Тон, )
1963: Невољите на покојникот К.К. ( Тон, )
1964: Скопски репортер бр. 5 ( Тон, )
1964: Школски распуст ( Тон, )
1964: Кратовско злато ( Тон, )
1964: Полошки огнови ( Тон, )
1964: Последни номади ( Тон, )
1964: Кеј 13 Ноември ( Тон, )
1964: Средба на солидарноста ( Тон, )
1965: Селидби ( Тон, )
1965: Дванаесетте од Папрадник ( Тон, )
1965: Охридските трубадури ( Тон, )
1965: Предизборни разговори ( Тон, )
1965: Рудник „Дамјан“ – Радовиш ( Тон, )
1966: Темели на солидарноста ( Тон, )
1966: Премонтажа ( Тон, )
1966: Град на две води ( Тон, )
1966: Венчавка на една фотографија ( Тон, )
1966: Не ( Тон, )
1967: Каде по дождот ( Тон, )
1967: Мементо ( Тон, )
1967: Тито во железарницата „Скопје“ ( Тон, )
1967: Тито во Охрид ( Тон, )
1967: На охридските извори ( Тон, )
1967: Лето господово ( Тон, )
1968: Планината на гневот ( Тон, )
1968: Вирово ( Тон, )
1969: И водите на Вардар ќе бидат скротени… ( Тон, )
1969: ЗИК Пелагонија ( Тон, )
1969: Еден летен ден во Охрид ( Тон, )
1969: Претседателот Тито во посета на ЗИК „Пелагонија“ ( Тон, )
1969: Magna Carta Libertatum (Документи за и против нашето време) ( Тон, )
1969: Темно огледало ( Тон, )
1969: Очи ( Тон, )
1970: Цената на градот ( Тон, Монтажа на тон, )
1970: Крсте Петков Мисирков ( Тон, )
1970: Кирил и Методиј ( Тон, )
1970: Празник ( Тон, )
1970: Рудник „Тајмиште“ Кичево ( Тон, )
1970: Човекот во црно ( Тон, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Тон, )
1971: Жед ( Тон, Монтажа на тон, )
1971: Тапанџии ( Тон, )
1971: Рудник Демир Хисар – Сопотница ( Тон, )
1971: Поле ( Тон, )
1972: Светлините на градот ( Тон, )
1973: Татко (Колнати сме, Ирина) ( Тон, Монтажа на тон, )
1973: 99 ( Тон, Монтажа на тон, )
1974: Скопски железнички јазол ( Тон, )
1974: Sic Transit Gloria Mundi / Хераклеа ( Тон, )
1974: Сто години железници во Македонија ( Тон, )
1976: Еугенио Монтале ( Тон, )
1976: Австралија, Австралија ( Тон, Монтажа на тон, )
1976: Шестиот играч ( Тон, )
1976: Вранештица ( Тон, )
1976: Денес треба нешто да се случи ( Тон, )
1977: Адам (5 до 12) ( Тон, Монтажа на тон, )
1977: Исправи се, Делфина ( Тон, Монтажа на тон, )
1977: Јас, Блага Мицанова ( Тон, )
1977: Концерт мајстор ( Тон, )
1977: Град херој – Прилеп и Прилепско во НОВ ( Тон, Монтажа на тон, )
1977: Матуранти ( Тон, Монтажа на тон, )
1977: Фаулбал ( Тон, )
1977: Никола Мартиноски ( Тон, )
1977: Очите мора да гледаат а срцето спие ( Тон, )
1977: Фабрика за акумулатори „Злетово“ ( Тон, )
1978: Отпор ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Растење ( Монтажа, Тон, )
1978: Побрзај, полека ( Тон, )
1978: Угич ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Подмолна сила ( Тон, )
1978: Среќна Нова година ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Лето Господово ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Железниот преграб ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Дупчачи ( Тон, Монтажа на тон, )
1979: Луда птица ( Тон, Монтажа на тон, )
1979: Бакнеж ( Тон, Монтажа на тон, )
1979: Голгота ( Тон, Монтажа на тон, )
1979: Икар ( Тон, )
1979: Дае ( Тон, Монтажа на тон, )
1980: Хомо догматикус ( Тон, )
1980: Шоу ( Монтажа, Тон, )
1980: Време, води ( Тон, )
1980: Кога ( Тон, Монтажа на тон, )
1980: Крвта на морето (сунѓер) ( Тон, )
1980: Најдрагиот учител ( Тон, )
1981: Во посета на Преспа… Струга… Охрид… ( Тон, )
1981: ХЕ Маврово ( Тон, )
1982: Афирмација ( Тон, )
1982: Чистач ( Тон, )
1982: Демагог ( Тон, Монтажа на тон, )
1982: Љубовна приказна ( Тон, )
1982: Јужна патека ( Тон, Монтажа на тон, )
1982: Ткаачки ( Тон, )
1982: Снимка за историјата ( Тон, Монтажа на тон, )
1982: БОПС ( Тон, )
1982: Опасноста се заканува ( Тон, )
1982: Студенчица ( Тон, )
1982: Мистериозниот предмет ( Тон, )
1982: Полноќно сонце ( Тон, )
1983: Отворен колосек ( Тон, Монтажа на тон, )
1984: Нели ти реков ( Тон, Монтажа на тон, )
1984: Хуаскаран – Анди ’82 ( Тон, )
1984: Тунел ( Тон, )
1984: Гостивар вчера и денес ( Тон, )
1985: А ( Тон, )
1985: Epur si muove (Сепак се движи) ( Монтажа, Тон, )
1985: Јазол ( Монтажа на тон, )
1985: Полноќни танцувачи ( Тон, )
1986: Тоа е мојот живот ( Тон, Монтажа на тон, )
1986: Два букета рајско цвеќе ( Монтажа на тон, )
1987: Хај-фај ( Тон, Монтажа на тон, )
1987: Тетово низ историјата и денес ( Тон, Монтажа на тон, )
1988: Леонардо – прошетка ( Тон, Монтажа на тон, )
1988: Леонардо – настинка ( Тон, Монтажа на тон, )
1988: Леонардо – творец ( Тон, Монтажа на тон, )
1988: Викенд на мртовци ( Тон, )
1988: Сизиф ( Тон, )
1989: Нерези ( Тон, Монтажа на тон, )
1989: Да се остави трага ( Тон, )
1990: Рибите на Охридското Езеро ( Тон, Монтажа на тон, )
1993: Македонска сага ( Тон, Монтажа на тон, )
1993: Светло сиво / Ѓавол во срцето ( Тон, )
1993: Светло сиво / Прекрасен свет ( Тон, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Тон, )
1994: Чарли Паркер – љубов моја ( Тон, Монтажа на тон, )
1995: Крај ( Тон, )
1997: Преку езерото ( Соработник, )
1998: In Continuo ( Тон, )
Пребарај
Име на авторот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.