Легендарниот чешки режисер и глумец Јиржи Менцел, кој освои оскар за својот прв игран филм, воената драма „Строго контролирани возови“, почина на 82 години, пренесува Би-Би-Си.
По долго лекување и сериозни здравствени проблеми за смртта известила неговата сопруга. Менцел ретко се појавувал во јавност откако пред три години преживел мозочен удар.
Заедно со Милош Форман, Менцел важеше за една од водечките фигури на новиот бран на чешкиот филм.
„Строго контролирани возови“ беше прогласен за најдобар странски филм и ја освои наградата „оскар“ во таа категорија во 1968 година. Со тој филм започнала плодната соработка на Менцел со писателот Бохумил Храбал.
Повеќе од сите награди и медали што ги добив за тој филм ми значеше пријателството со Храбал – изјавил Менцел во 2006 година.
По вторпат Менцел бил номиниран за „оскар“ во 1987 година за филмот „Моето слатко мало село“. Освен што работел како режисер, тој глумел во повеќе од 80 филмови и работел во театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.