Курт Вестергаард, данскиот карикатурист, кој ја нацрта карикатурата на пророкот Мухамед, која предизвика бесни реакции меѓу муслиманите во целиот свет, починал вчера во 86-тата година од животот.
Неговото семејство соопшти дека тој починал по долго боледување.
Вестергард беше карикатурист во конзервативниот весник Јуландс-Постер уште од почетокот на 80-тите години од минатиот век.
Светска слава стекна со контроверзниот приказ на пророкот Мухамед.
Неговиот цртеж од 2005-тата година, на кој во турбанот од пророкот беше нацртана бомба, беше еден од 12-те објавени во весникот, со фокус на само-цензурата и критика на исламот.
Карикатурите предизвикаа протести во Данска, чија влада прими демарши од голем број амбасадори од земјите со муслиманско мнозинство.
Бесот кулминираше со масовни протести во февруари 2006-тата година низ муслиманскиот свет, при што беа нападнати амбасадите на Данска а повеќе десетици луѓе беа и убиени.
Карикатурите беа и повод за крвавиот напад во 2015-тата година во канцелариите на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, каде беа убиени 12 луѓе. Шарли Ебдо беше таргетиран, затоа што ги објави карикатурите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.