Почина еден од најзначајните уметници на денешницата, Кристо Јавашев, чие дело „Спакувана Уметничка галерија во Берн“ од 1968, како подарок од авторот, стана дел од колекцијата на МСУ Скопје.
Христо го живееше својот живот во потполност, не само што сонуваше за тоа што се чинеше невозможно, туку го реализираше. Уметничките дела на Кристо и Жан-Клод низ целиот свет ги зближуваа луѓето во споделените искуства, а нивното дело останува да живее во нашите срца и спомени – стои во соопштението на неговиот пи-ар тим.
Христо е роден на 13 јуни 1935 година во Габрово, Бугарија. Тој ја напуштил Бугарија во 1957 година, прво преселувајќи се во Прага, Чехословачка, потоа во Виена, Австрија, и во Женева, Швајцарија. Во 1958 година, Христо заминал во Париз, каде ја запознал Жан-Клод Дена де Гилебон, не само неговата сопруга, туку и животна партнерка во креирањето на монументални уметнички дела.
Жан-Клод почина на 18 ноември 2009 година. Кристо живееше во Њујорк 56 години. Кристо и Жан-Клод секогаш јасно ставаа до знаење дека нивните уметнички дела кои се во тек ќе продолжуваат да се реализираат и по нивната смрт. По желба на Христо „Завитканата Траумална капија“ во Париз, Франција, останува да биде завршена од 18 септември – 3 октомври 2021 година.
Од раното oбвиткување предмети до монументални проекти на отворено, уметничкото дело на Христо и Жан-Клод ги надмина традиционалните граници на сликарството, скулптурата и архитектурата. Некои од нивните дела се „Завиткан брег“, „Малиот залив“ во Сиднеј, Австралија (1968–69), долината во Колорадо (1970–72), ограда во Калифорнија (1972–76), завитканите острови во Мајами (1980–83), обвиткувањето на Понт Неф во Париз (1975–855), Чадорите во Јапонија и Калифорнија (1984–91), обвиткувањето од Рајхстагот во Берлин (1972–95),Портите на Централ парк во Њујорк (1979–2005), пристаништето на италијанското езеро Исео (2014–16) и лондонскиот Мастаба на езерото кај Серпентин (2016–18)
Со жалење известуваме за заминувањето на еден од најзначајните уметници на денешницата, Кристо Јавашев, чие дело…
Posted by Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje on Monday, June 1, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.