Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште.

Тој беше еден од првата генерација на актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот Народен театар. Таму одигра бројни улоги во најпопуларните престави како Госпоѓа министерка, Чорбаџи Теодос, Женидба, Ревизор и многу други, а посебен печат остави со својата улога како Тевје во врвниот мјузикл Свирачот на покрив. Играше во многу македонски филмови како Пред Дождот, Најдолгиот пат, Време води, Пресуда, Мисија Лондон и многу други, како и во бројни ТВ серии како Илинден, Волшебното самарче, Во светот на бајките, но и во популарните македонските народни приказни и Трврдокорни, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешвски.

Соработуваше со повеќе национални телевизии, меѓу кои со Канал 5 и оствари бројни проекти во нивните продукции.

Погребот ќе се одржи во неговиот роден град Кочани на 09.05.2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.